ИЗВАСДОЦИ ОД СТАТУТОТ

на Здружението на овластени застапници и во осигурување на Македонија (ЗОЗОМ)

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 Член 1
Здружението на овластени застапници во осигурување на Македонија (ЗОЗОМ), (во понатамошниот текст Здружението) е самостојно, невладино, непартиско здружение на граѓани во кое членуваат граѓани на Република Северна Македонија, кои во него ги остваруваат своите лични и колективни права и слободи.

Член 2
Здружението дејствува на територијата на Република Северна Македонија, соработува со сите организации и институции, а неговата работа се одвива во согласност со постоечките Закони на Република Северна Македонија, односно Уставот и Статутот.

Член З
Здружението има својство на правно лице со права, должности и одговорности утврдени со овој Статут и Законот за здруженија на граѓани и фондации. Здружението е самостојно во организирање и остварување на своите цели, задачи и активности во согласност со овој Статут и Законите на Република Северна Македонија.

Член 4
Името на Здружението e Здружение на овластени застапници во осигурување на Македонија (скратен назив -ЗОЗОМ)

Член 5
Здружението има печат и штембил.

Член 6
Во работата на Здружението се употребува името впишано во надлежниот регистер. Работата на телата во Здружението се одвива на македонски и англиски јазик.



2. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 7
Основни цели и задачи на здружението се:
- Информирање и запознавање на пошироката јавност со терминот и значењето на улогата на Застапникот за осигурување.
- Стручна помош при консултирање на клиентите,
- Промоција на предностите од активната примена и прифаќање наосигурителните пакети, како фактор кој гарантира стабилност и безбедност
- Промоција на пакетите за склучување животни осигурувања како фактор кон обезбедување на гарантирана пензија и сигурни и стабилни приходи за периодот на третото доба.
- Спроведување консултации и обуки за создавање т.н. паметни домашни заштеди и правилен менаџмент со домашниот буџет.
- Спроведување на обуки за личен развој и мотивација за своите членови што би придонело до значително зголемување на нивната продуктивност на професионален план, како и до хармонизирано функционирање и делување во сите сфери од живеењето.
- Заштита на стручниот и професионалниот статут на членовите
- Објективно вреднување и стимулирање на стручната работа на членовите
- Изработка на предлози и давење на мислења и иницијативи за сите прашања од заеднички интерес на членовите
- Поврзување со други слични Организации и правни субјекти кои работат на полето обезбедување општа благосостојба кај граѓаните, како во Република Северна Македонија така и во странство и други активности кои ќе ги утврдат телата на Здружението на овластени застапници во осигурување на Македонија (ЗОЗОМ),

Член 8
Своите цели и задачи Здружението ги остварува преку:
• Остварување на конкретни активности;
• Спроведување на заеднички програмски активности;
• Организирање на заеднички проекти, трибини, дебати, тркалезни маси, концерти, изложби, културни и книжевни манифестации и др.
• Основање на клубови и комисии;
• Соработка со организации, институции, културни центри, амбасади и здруженија од културен, книжевен, научен и образовен карактер;
• Вршење и на други работи во согласност со овој Статут и Законите на Република Северна Македонија.


3. УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО И ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И  ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 9
Во Здружението може да членува секој, кој ја исполнува законската норма за членување во организација, а кој ги прифаќа целите и задачите
на Здружението. Член на Здружението може да биде лице кое е државјанин на Република Северна Македонија и кое е овластен застапник во осигурување, работи во Брокерска куќа за посредување при осигурување, врши функција на самостоен осигурителен агент или работи друга професија која е непосредно или посредно поврзана со целите, програмските задачи и идеите на Здружението. Член на Здружението се станува со потпишување на пристапница и плаќање редовна месечна членарина. Членството на Здружението е слободно и доброволно.

Член 10
Основни принципи на работа на Здружението се; Се почитува автономијата и самостојноста на секој член на Здружението; Сите членови на Здружението се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата и обврските; Еднаквост во слободата, правата и обврските на секој член без разлика на расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверение, имотната и општествената состојба.

Член 11
Членството во Здружението престанува по сопствено барање или со исклучување поради не придржување кон одредбите на Статутот. За исклучување одлучува Собранието по предлог на Управниот одбор.

Член 12
Правата и обврските на членовите на Здружението се:
• Да раководат со работата на Здружението, да ги избираат органите и телата на Здружението и да вршат надзор над нивната работа;
• Да покренуваат иницијативи, предлози заради остварување на целите и задачите на Здружението;
• Да се придржуваат од овој Статут и актите на органите и телата на Здружението;
• Да вршат други работи кои се во согласност со Статутот на Здружението и важечките законски норми во Република Северна Македонија.

Член 13
Одговорноста на членовите на Здружението се утврдува врз основа на превземените обврски и надлежности во согласност со овој Статут.



4. ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ

Член 14
Здружението се организира на основа на јавен интерес.

Член 15
Работата на Ограноците (организирани групи) се уредува со унифициран Деловник за работа кој е во согласност со овој Статут. Активностите на Ограноците мора да се во согласност со овој Статут и законските норми во  Република Северна Македонија.


5. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НИВНИТЕ ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Член 16
Органи на Здружението се:
• Собрание
• Управниот одбор
• Надзорен одбор


5.а. СОБРАНИЕ

Член 17
Собранието е највисок орган на одлучување во Здружението. Организацијата и работата на Собранието се уредува со Деловник за работа на Собранието и овој Статут.

Член 18
Собранието на Здружението го сочинуваат:
• Претседателот на Здружението
• Потпретседателот на Здружението
• Секретарот на Здружението
• Управниот одбор на Здружението
• Членовите на Надзорниот одбор на Здружението
• Претседателите на Ограноци на Здружението
• Други членови кои се одредуваат со посебна одлука

Член 19
Собранието работи на Пленарни седници, најмалку еднаш во годината. Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Здружението по сопствена иницијатива или по барање на Орган на Здружението, 1/5 од вкупниот број на делегати во Собранието на Здружението.

Член 20
Собранието може полноважно да работи и одлучува доколку на Седницата присуствуваат повеќе од половина на вкупниот број на делегати. Собранието донесува одлуки со мнозинство гласови од присутните делегати, доколку не е поинаку предвидено со овој Статут. За работата на Собранието се води записник што го потпишуваат Претседавачот на седницата и двајца заверувачи на записникот.

Член 21
Собранието на Здружението ги има следниве права, должности и одговорности:
• Донесува Статут и Програма на Здружението;
• Врши измени и дополнувања на Статутот и Програмата;
• Утврдува насоки за работа на Здружението;
• Донесува и други акти утврдени со овој Статут;
• Ги усвојува периодичните и годишните извештаи за работа на органите и телата на Здружението;
• Го донесува буџетот на Здружението и завршната сметка;
• Одлучува за промена на целта на здружувањето;
• Избира Претседател на Здружението;
• Избира Потпретседател на Здружението;
• Избира Секретар на Здружението;
• Избира членови на Надзорниот одбор и членови на Управниот одбор на Здружението;
• Формира работни тела на Здружението;
• Донесува Деловник за својата работа и Деловник за работа на Општинските организации на Здружението;
• Одлучува за промена на името на Здружението;
• Одлучува за престанок со работа на Здружението со 2/3 мнозинство;
• Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на Здружението;
• Одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојуз и меѓународни организации;
• Врши и други работи што произлегуваат од програмските определби или се утврдени со закон, со други прописи или овој Статут;

Член 22
Правата, должностите и одговорностите на Собранието во итни случаеви ги врши Управниот одбор на Здружението, при што има обврска на првата наредна седница на Собранието да поднесе извештај за превземените активности.

5.б. УПРАВЕН- ИЗВРШЕН ОДБОР

Член 23
Управниот одбор е извршен орган на Здружението. Управниот одбор брои 6 членови, со мандат од 4 години. Членови на Управниот одбор кои се избираат и назначуваат согласно функцијата којашто ја извршуваат се: Претседателот, Потпретседателот и Секретарот на Здружението. Останатите тројца членови се избираат од редот на Основачите на Здружението, кои не членуваат во други органи или тела на Здружението

Член 24
Седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на Здружението, Седниците на Управниот одбор се свикуваат по предлог на:
• Претседателот на Здружението
• Најмалку 1/3 од неговите членови.

Член 25
Управниот одбор полноважно може да работи и одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членови.
Управниот одбор своите одлуки ги донесува со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови, доколку со овој Статут не е предвидено поинаку. За работата на Управниот одбор се води Записник кој се усвојува на наредната седница, го потпишуваат Претседателот на Здружението и записничарот.

Член 26
Управниот одбор ги има следните права, должности и одговорности:
• Ги подготвува седниците на собранието на Здружението;
• Го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе собранието;
• Му предлага ставови и заклучоци на Собранието;
• Ги гради и реализира ставовите на Здружението;
• Ги реализира ставовите и заклучоците на Собранието;
• Може да формира стручна служба и да врши контрола врз нејзината работа;
• Управува и одговара за управувањето со имотот на Здружението;
• Подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа;
• Донесува Деловник за својата работа;
• Именува потписници на жиро-сметката на Здружението;
• Извршува и други работи што ќе му ги довери Собранието на Здружението и што произлегуваат од овој Статут.

Член 27
За својата работа Управниот одбор одговара пред Собранието на Здружението.Собранието на Здружението може да го отповика пред Управниот одбор, или одделен негов член. Предлогот за отповикување на Управниот одбор или одделен негов член може да поднесе орган на Здружението или најмалку 1/3 од делегатите на Собранието на Здружението. Предлогот за отповикување мора да биде во писмена форма.


5.в. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 28
Здружението има Претседател.
• Претседателот на Здружението своите права и должности ги врши врз основа на овој Статут и актите на Собранието.
• Во случај на привремена спреченост на Претседателот на Здружението, него го заменува секретарот или потпретседателот, а по овластување на претседателот.

Член 29
• Кандидат за Претседател на Здружението може да предложат најмалку двајца членови на Собранието на Здружението.
• За избран се смета оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број делегати на Собранието.
• Мандатот на Претседателот на Здружението трае 4 години , со право на реизбор.

Член 30
Претседателот на Здружението ги има следните права, должности и одговорности:
• Свикува седници на Собранието и Управниот одбор;
• Ја спроведува политиката на Здружението;
• Го претставува и застапува Здружението;
• Го координира функционирањето на Здружението;
• Се грижи за спроведувањето на одлуките, заклучоците и другите акти на Здружението;
• Ги потпишува актите на Здружението;
• Предлага програма за развој на Здружението;
• Предлага начин и форми на финансирање на Здружението;
• Предлага кандидати за членови на Управниот одбор;
• Предлага кандидати за Потпретседател и Секретар на Здружението;
• Врши други работи што ќе му ги довери Собранието, Управниот одбор или произлегуваат од Статутот.

Член 31
Функцијата Претседател на Здружението престанува:
• По сопствено барање: и
• Со разрешување од Собранието на Здружението;
За одговорноста на Претседателот на Здружението одлучува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број делегати, на предлог на најмалку 1/3 од вкупниот број делегати.


5.г. ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 32
Собранието на Здружението со мнозинство гласови од вкупниот број на делегати избира Потпретседател. Мандатот на Потпретседателот трае 4 години, со право на реизбор.

Член 33
Потпретседателот врши работа од делокругот на Претседателот што ќе му ја довери тој или Друг орган на Здружението.

Член 34
Функцијата на Потпретседателот му престанува:
• По сопствено барање, и
• Со разрешување од Собранието.
Предлог за разрешување на Потпретседателот може да поднесат:
• Орган на Здружението; и
• Најмалку 1/3 од вкупниот број делегати во Собранието на Здружението.


5.д. СЕКРЕТАР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 35
Секретарот на Здружението го избира Собранието по предлог на Претседателот со мнозинство гласови од вкупниот број делегати. Мандатот на Секретарот трае 4 години, со право на реизбор.

Член 36
Секретарот ги има следните права, должности и одговорности:
• Ги подготвува седниците на органите на Здружението;
• Контактира со Општинските организации на Здружението;
• Ги координира активностите за спроведување на одлуките, заклучоците и ставовите на органите и телата на Здружението;
• Ја води архивата на Здружението;
• Ја води кардовската политика на Здружението;
• Ја организира и раководи со стручната служба на Здружението;
• Врши други работи што ќе ги доверат органите на Здружението;

Член 37
Функцијата на Секретарот на Здружението му престанува:
• По сопствено барање и
• Со одлука на Собранието на Здружението.
Предлог за разрешување на Секретарот на Здружението може да поднесат:
• Орган на Здружението и
• Најмалку 1/3 од вкупниот број на делегати на Собранието.



5.ђ. НАДЗОРЕН ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 38
Надзорниот одбор има 3 членови што ги избира Собранието од редот на своите членови. Претседателот на Надзорниот одбор го бира Одборот од своите членови.
Надзорниот одбор ги има следните права, должности и одговорности:
• Врши контрола врз спроведување на Статут6от на Здружението и другите акти на Здружението;
• По потреба остварува контрола и поднесува извештај за прибирањето, користењето и располагањето на средствата на Здружението и
• Остварува и други права, должности и одговорности што се утврдени со закон или со овој Статут.



СТРУЧНА СЛУЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 39
Здружението има стручна служба што ги извршува стручните, оперативните и другите работни задачи што се во интерес на Здружението. Работата на стручната служба се уредува со Деловник за работа на стручната служба што го носи Управниот одбор на Здружението.


7. КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 40
Контролата врз работата на Здружението ја вршат нејзините органи и членови на начин утврден со овој Статут. Контролата над законитостите на работењето на Здружението, во согласност со законите вршат надлежните органи служби на Република Северна Македонија.

Член 41
Членовите на Здружението имаат право на контрола врз работењето на Здружението преку Надзорниот одбор.



8. ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 42
Здружението го претставува Претседателот. По негово овластување или во случај на спреченост Здружението го претставува Потпретседателот или Секретарот.


9. СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЕТО, НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ

Член 43
За остварување на своите цели и задачи, Здружението стекнува средства, и со нив располага во согласност со овој Статут и Закон.

Член 44
Здружението стекнува парични средства, предмети и материјални добра што се обезбедуваат од:
• Субвенции;
• Доброволни прилози;
• Приходи;
• Донации;
• Подароци;
• Членарини;

Член 45
Стекнувањето, користењето и располагањето со средствата на Здружението се врши на начин утврден со општи прописи, со Законот и со овој Статут.

Член 46
Средствата на Здружението можат да се користат само за намени утврдени со финансискиот план и врз основа на соодветен документ. Наредбодавачот за извршување на финансискиот план, а во согласност со Законот, го утврдува Управниот одбор на Здружението.



11. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 47
Здружението обезбедува известување на јавноста преку:
• Обезбедување на непречено присуство на нејзините членови на седниците на органите и телата на Здружението;
• Достапност на извештаите и другите материјали до членовите и заинтересираните лица;
• Издавање на своја интерактивна веб страна .



12. ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО СО РАБОТА И РАСПОЛАГАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ ИМОТ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК

Член 48
Здружението може да престане со работа доколку:
• За тоа со 2/3 мнозинство, одлучи Собранието на Здружението ;
• Бројот на своите членови се намали под бројот определен со Законот;
• Настапи било која од причините утврдени со Закон, за престанок со работа на Здружението.
• Во случај на престанок со работа на Здружението имотот се дава на јавна лицитација, а средствата се користат за подмирување на настаните,трошоци или се донираат во невладини организации.



13. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 49
Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот на Здружението може да поднесе секој орган или работно тело на Здружението.

Член 50
Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот се поднесува во писмена форма до Собранието. Одлука за измени и дополнувања на Статутот се носи со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број делегати на Собранието на Здружението.



14. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 51
Прашањата кои не се регулирани со овој Статут се регулираат со акти на Собранието.

Член 52
Толкувања на одредбите на овој Статут дава Собранието, а помеѓу две седници на Собранието Управниот одбор.

Член 53
Овој Статут влегува на сила на денот на донесување.
Собрание на Здружението на овластени застапници и во осигурување на Македонија
Скопје, 15.07.2011

ПРЕТСЕДАТЕЛ:
Сашо Трајкоски

© Copyright 2022 ЗОЗОМ. All Rights Reserved.

Created with Mobirise ‌

Web Page Creator