На 20.02.2021 се оддржа првиот промотивен настан на Здружението на овластени застапници во осигурување на Македонија (ЗОЗОМ). Настанот беше оддржан во прекрасниот амбиент на хотелот Гарденија, Велес со почитување на сите протоколи предвидени во време на пандемија. Учесниците беа запознаени за идејниот концепт на ЗОЗОМ, како и за планираните активности во иднина.
Присутните беа запознаени со широката палета на можности за соработка што ги нуди самото здружение, како што се најразлични обуки во рамките на новоформираната ЗОЗОМ Академија; учество во најразлични проекти во кој ќе учествува здружението, а ќе бидат насочени кон квалитетно информирање на пошироката јавност за подигнување на свесноста, како и за постигнување на повисоко ниво на финансиска писменост.
Можноста за соработка со сите осигурителни компании присутни на Македонскиот пазар, со што ќе им се овозможи на членовите на ЗОЗОМ да креираат една сеопфатна платформа преку која ќе можат најефективно да им помогнат на своите клиенти (како за физичките лица, така и компаниите и останатите правни субјекти) да ги изберат најквалитетни финансиски продукти со кои ќе може да обезбедат сигурна и стабилна финансиска иднина.
Настаните од ваков тип се планира да се одржуват еднаш месечно со цел да се информира пошироката јавност за ЗОЗОМ како своевидна иновација во областа на осигурувањето.
Made with Mobirise
Free Web Page Creator