Претставува обука составена од три нивоа (почетно, развојно и
напредно ниво) и е наменета за сите кои сакаат повеќе од својот живот.
Ако сакате да успеете во животот не е потребно да работите повеќе и понапорно, ниту да читате прирачници како да го сторите тоа, тоа не е рецептот за успех!
Успехот на кое било поле зависи од неколку принципи што можете и вие да ги усвоите!
Ќе дознаете како со проверени, едноставни алатки и стратегии да постигнете и достигнете високи животни цели !
Структурата на групите е непроменлива во текот на целата обука. Секој учесник треба да учествува на сите сесии бидејќи темите се меѓусебно тесно поврзани. Сите овие сесии служат како алатка да се одреди што е тоа што ве мотивира или инспирира во животот, што ќе ви помогне да решите што и како понатаму.
Во текот на обуката нашите врвни професионалци и практичари во областа на осигурувањето ќе ви ги откријат тајните на најбараниот и најплатениот занает на светот - Продажбата.
Ќе научите како најефективно да ПРО-ДАВАТЕ, односно како несебичното давање на нешто непроценливо и вредно, со кое ќе им ги подобрите животите на другите луѓе, ќе стане ваша омилена професија.
За да се научи сето тоа и да се совладаат посакуваните вештини, потребни се континуирани вежби и упорна работа, и затоа потребно е да се вложи малку повеќе енергија и време.
- Кој сум јас?
- Како функционира нашиот ум?
- Кои се различните нивоа на свест?
- Како да постигнеме хармонија во сите животни сфери?
- Уметноста на размислувањето.
- Менталните мускули на нашиот ум.
- Како да се справиме со нашите парадигми?
- Како да се промени односот кон самиот себе?
- Состојките потребни за остварување на одлична меѓусебна соработка;
- Како да се справиме со нашите емоции?
- Тајните на ефективната комуникација.
- Како со мали чекори до огромен успех.
- Како да оствариме одлични односи со своите соговорници?
- Кога и како да се договори средба?
- Како да ги откриеме нашите потенцијални клиенти и соработници?
- Подготовка на продажен разговор.
- Моќта на зборовите.
- Критични точки.
- Како до високо ниво на самодоверба?
- Градење и водење на тимови.
- Како да се постават и реализираат цели?
- Одлуки за промени.
По завршување на обуката нема повеќе да размислувате и да делувате на истиот начин. Самите ќе увидите дека секогаш постои и полесен начин за функционирање во новото современо бурно секојдневие кое секако бара нов пристап и нови иновативни решенија.
Created with Mobirise
Free Offline Web Builder